СДСМ: Мицкоски ангажирал приватна разузнавачка агенција, следи опозициски функционери, особено Филипче
Опозициската СДСМ преку соопштение обвини дека власта има ангажирано приватна разузнавачка агенција за следење на опозицијата.
„Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата. Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша. Сега истата тактика ја применуваат и во Македонија“, обвинија од партијата.
Од таму велат дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да фабрикуваат афери против нив.
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции. „Black Cube“ е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад“. Се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими. Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче. Тимот на „Black Cube“ неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со заштитниците на криминалната група ВМРО. На состанокот присуствувал и еден бизнисмен, многу близок до ВМРО, кој треба да го финансира ангажманот на оваа приватна израелска компанија. Целта е јасна – да се следи опозицијата, да се собираат информации и да се фабрикуваат афери за да се дискредитира СДСМ“, стои во соопштението.
Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во слободен пад на гласови.
„Ова се случува токму сега, кога ВМРО е во слободен пад, веќе изгуби над 150.000 гласа. Орбановата медиумска мрежа во Македонија паѓа поради финансиска блокада, а Мицкоски е принуден да ја финансира од буџетот – со пари на граѓаните на Македонија. Нервозата е толку голема што Мицкоски јавно се заканува со „имам чувство“ дека ќе почнат гонења против функционери на СДСМ и нивните семејства. Ова не е случајност. Ова е класичен автократски модел: кога легалните инструменти не функционираат, се ангажираат приватни разузнавачки агенции за да се прават лажни афери и да се заплашува опозицијата. Ние не се плашиме од приватни „Мосад-и“, ниту од „чувствата“ на Мицкоски. Ќе продолжиме да инсистираме на вистината, на независното правосудство и на европскиот пат на Македонија. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски ангажирал приватна разузнавачка агенција, следи…
Опозициската СДСМ преку соопштение обвини дека власта…
СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…
СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски
Опозициската партија СДСМ информира дека поднела кривична…
На Мицкоски му се „сè посилни“ чувствата…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за…
Филипче испрати писма до ЕУ, вели дека…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во името…