СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15 до 19 години доживеала насилство
Околу 43 милиони девојки на возраст од 15 до 19 години ширум светот доживеале партнерско насилство, сексуално насилство од лице што не им е партнер или двата облика на насилство, покажува новата анализа на Светската здравствена организација и партнерите на Обединетите нации. Тоа е речиси 30 отсто од девојките во оваа возрасна група.
Според процените за 2023 година, 23 отсто од девојките кои некогаш имале партнер биле изложени на физичко и/или сексуално насилство од партнер барем еднаш во животот, додека 16 отсто го доживеале во текот на претходната година.
Дополнително, осум отсто од сите девојки на возраст од 15 до 19 години доживеале сексуално насилство од лице што не им е партнер.
СЗО предупредува дека вистинските бројки би можеле да бидат и повисоки, бидејќи голем број девојки никогаш не го пријавуваат насилството.
Насилството во адолесцентниот период може да има сериозни и долгорочни последици – од повреди, непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции, до анксиозност, депресија и проблеми во образованието, вработувањето и идните односи.
Според анализата, поголем ризик постои во средини каде девојките имаат помал пристап до средно образование, каде се почести детските бракови и каде постојат нееднакви права во однос на имотот и наследувањето.
СЗО повикува на посилна превенција уште од рана возраст, подобра правна заштита, спречување на детските бракови и достапни здравствени, психолошки и социјални услуги за девојките изложени на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата е избрана со мандат од…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување…
Голем удар врз руската технологија: Дронови погодиле…
Војната меѓу Русија и Украина влезе во…
Мицкоски со порака од Брвеница: Ако се…
„Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме…
Нов вандалски чин во Влае: Пешачкиот премин…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…
Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…