Објавено на:

Средба Вучиќ-Орбан за геополитичката ситуација и плановите

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто со кои разговараше за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти и соработката, јави дописникот на МИА од Белград.

„Со Виктор Орбан и Петер Сијарто за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти и соработката, за иднината“, напиша Вучиќ на Инстаграм будуќностсрбијеав, заедно со фотографии од средбата.

„Пријателствата се градат долго и внимателно, се зацврстуваат и јакнеат во тешки времиња, а вистинските се драгоцени токму затоа што се исклучително ретки, особено во политиката и особено во денешно време. Секогаш одговорни, сериозни, искрени, со почит и доверба“, истакна Вучиќ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека унгарско-српските односи се на историски високо ниво.

-По Брисел, малку свеж воздух во Белград. Унгарско-српските односи се на историски високо ниво. Ви благодариме за средбата и пријателството, претседателе Вучиќ, напиша Орбан на својот Твитер со фотографии од партијата билијард што ја одигра со српскиот претседател.

Вучиќ изјави и дека со унгарскиот премиер три и пол часа разговарал за сите стратешки прашања на соработката.

-По три и пол часа разговор за сите стратешки прашања на соработката меѓу Унгарија и Србија, одиграв билијард со премиерот Орбан. Горд сум на пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен на Виктор Орбан што вложи многу труд и енергија тоа пријателство да биде суштинско и искрено, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…