Станала директорка со лажен сертификат за познавање на англиски јазик: Кривична пријава за велешанка

t

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.


Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Помалку познати факти за Гемиџиите од Апасиев…

ЗА ГОДИШНИНАТА ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ НА ГЕМИЏИИТЕ…

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра…

Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење…

Кривична пријава за три лица од Велес…

Општинскиот огранок на СДСМ во Велес поднесе…