Стармер: Велика Британија ќе учествува во заемот на ЕУ за Украина
Лондон и Брисел денеска се согласија дека Велика Британија ќе учествува во заемот од 90 милијарди евра доделен од ЕУ на Украина, што ќе ѝ овозможи на британската воена индустрија да испорача повеќе оружје на Киев.
– Овој договор ќе помогне да се гарантира дека Украина ќе ја добие поддршката што ѝ е потребна за да се одбрани од руската агресија, истовремено поддржувајќи ги британските одбранбени компании, заштитувајќи ги квалификуваните работни места и зајакнувајќи ја нашата национална безбедност, изјави британскиот премиер Кир Стармер.
И Лондон и Брисел посочија дека Велика Британија ќе даде „фер и пропорционален придонес во заемот, соодветен на вредноста на договорите доделени на британските компании“.
ЕУ и Велика Британија се обидуваат да ги обноват своите односи десет години по Брегзит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стармер: Велика Британија ќе учествува во заемот…
Лондон и Брисел денеска се согласија дека…
(Видео) Експлозии и пожар во руска рафинерија…
Експлозии и голем пожар се пријавени во…
Американската војска удира по ирански воени цели,…
Американската војска соопшти дека ја завршила третата…
Паузите за хидратација станаа златен рудник за…
Она што Светската фудбалска федерација (ФИФА) го…
Google и Amazon ги зголемија емисиите на…
Технолошките гиганти Google и Amazon, објавија дека…