Украдена Пресветата Причест од католичката црква „Свети Јосиф“ во Скопје
Кражба во католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар во Скопје била извршена во ноќта меѓу 24 и 25 ноември, кога била однесена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветените хостии, информира Скопската бискупија.
Случајот е пријавен во надлежните институции, а полицијата презема мерки за откривање на сторителите и пронаоѓање на украдените предмети.
Од Бискупијата посочуваат дека Пресветата Причест има особено значење за Католичката црква и претставува средиште на нејзиниот духовен и литургиски живот. Поради тоа, нивен приоритет е осветените хостии да бидат пронајдени и вратени со должно почитување.
Тие упатија апел до лицето или лицата кај кои се наоѓа дарохранителницата да овозможат нејзино враќање во најкус можен рок, нагласувајќи дека нема да има осуда од страна на Црквата за оној што ќе ги врати осветените хостии.
Скопската бискупија ги повика граѓаните кои располагаат со какви било информации за кражбата или за местото каде што се наоѓаат украдените предмети да ги споделат со надлежните органи.
Воедно, верниците се повикани да се обединат во молитва за пронаоѓање и враќање на Пресветата Причест, како и за покајание и помирување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдена Пресветата Причест од католичката црква „Свети…
Кражба во католичката црква „Свети Јосиф“ на…
Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на…
Во текот на викендот биле украдени злато,…
NBC News: 6,3 милијарди долари украдени од…
Криптоактиви во вредност од околу 6,3 милијарди…
Еден осомничен за обид за тешка кражба…
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично…
Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното…