Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово
Во текот на викендот биле украдени злато, пари и клучеви од две возила во скопско Визбегово, а со еден од украдените клучеви подоцна било одземено и службено возило на МЕПСО, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 16.11.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, Л.Љ.(29) пријави дека во периодот од 13 до 15 ноември 2026 година во с.Визбегово, скопско, со употреба на сила било влезено во куќа и одземени биле злато, пари и клучеви од две патнички возила, а потоа со одземениот клуч било одземено патничко возило „дачиа“, сопственост на МЕПСО“ соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на…
Во текот на викендот биле украдени злато,…
NBC News: 6,3 милијарди долари украдени од…
Криптоактиви во вредност од околу 6,3 милијарди…
Еден осомничен за обид за тешка кражба…
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично…
Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното…
(Видео) Жена краде кутија со донации од…
На социјалните мрежи е објавено видео од…