Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски.

„Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче.

Тој посочи дека СДСМ веќе го објави Фронтот за вистина и правда, чиј главен постулат е европската иднина на Македонија. „Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека НАТО се убијци во Собранието и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека за политичко обединување потребна е јасна определба на Левица за НАТО, за Европската Унија и иднината на државата. „Нека се откажат, нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија. Затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, рече Филипче. Тој додаде дека СДСМ веќе разговара со политички партии, граѓански организации, поединци и интелектуалци за проширување на Фронтот за вистина и правда. „Ги повикуваме тука и имаме многу разговори со други партии, луѓе, поединци, граѓански организации, видни интелектуалци коишто очигледно е дека сфаќаат што се случува, дека оваа власт не прави ништо, дека нема добри политики за граѓаните“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача…

Николоски: Владата прави се што е во…

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери,…

Светските берзи најавуваат поскапување на храната

Глобалните цени на храната повторно бележат раст…

Мицкоски има две третини во Собранието, не…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека…

Одложено судењето за „Државна лотарија“

“ Главната расправа во судскиот процес за…