Филипче: Младите се иселуваат, не гледаат перспектива со Мицкоски
Младите масовно се иселуваат од земјата затоа што не гледаат перспектива на чело со премиерот Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека додека сите земји од регионот одат напред, Македонија стои во место бидејќи Мицкски свесно го блокира европскиот пат на државата.
„Додека регионот оди напред кон ЕУ, ние тапкаме во место. Веќе е формирана комисија која го пишува договорот за пристап на Црна Гора во Европската Унија. Црна Гора која стана независна држава една година откако ние го добивме кандидатскиот статус за ЕУ. Денес Црна Гора е на чекор до членство, а после неа веднаш следува Албанија.Се поставува прашањето кој губи? Губат македонските граѓани, никој друг, губи држава“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот наместо да работи на реформите, создава меѓунационални конфликти и ги навредува сите што мислат поинаку од него.
„Што прави премиерот, се обидува со различни теми, создавање на меѓунационални конфликти, навреди за секој кој мисли поинаку и создавање поделба во општеството дека нешто може да направи. Ги навредува граѓаните и ги нарекува „медиокритети“, „талог на општеството“, „мочуриште“, рече Филипче.
На прес-конференцијата Филипче порача дека СДСМ не отстапува од европскиот пат и нема да дозволи државата да биде оттурната од тој пат поради интересите на Владата на ВМРО.
„СДСМ останува цврсто на европскиот пат. Ние нема да дозволиме Македонија да биде слепо црево на Балканот само за Мицкоски и ВМРО-ОКГ да продолжат да крадат. Доаѓа време на вистина, правда и одговорност“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…