Филипче: СДСМ е државотворна партија со конзистентни ставови за иднината на Македонија

t

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека СДСМ останува доследна и државотворна партија која секогаш носела тешки, но исправни одлуки во интерес на државата и иднината на граѓаните.

„Ние како државотворна партија, партија којашто носела сериозни и тешки одлуки секогаш во историјата, рековме одамна, поддржуваме внесување на малцинствата во Уставот и со тоа да продолжи европскиот пат на земјата. Така граѓаните ќе видат вистински бенефит. Ќе се отворат фондовите, ќе стигнат пари, тие ќе се трошат со сериозна контрола. Граѓаните ќе почувствуваат вистинско подобрување на квалитетот на нивниот живот. Младите едноставно тука ќе ја гледаат иднината“, истакна Филипче.

Тој потсети дека СДСМ со години наназад има јасен и непроменет став за европската интеграција на државата.

„Пред повеќе од една година, на 7 април во Брисел, реков дека ќе поддржиме било какво подобрување на нашата преговарачка позиција, иако знаевме дека тоа не е возможно да се случи. Тогаш презедов одговорност да се направат уставните измени и да се отворат преговарачките поглавја со Европската Унија. Нешто што кажав и пред неколку недели, истото – вратете ги изјавите. Конзистентни сме на своите ставови“, рече Филипче.

За разлика од СДСМ, ВМРО на власт дојде со лаги и лажни ветувања за промена на преговарачката рамка и дополнителни гаранции. Тој оцени дека вистинската цел на власта не е заштита на националните интереси, туку блокада на европската иднина на државата.

„Тие кампањи преку ботови, скапо платени наративи и агенда практично копирана на нашиот северен сосед е да се спречи внесувањето на малцинствата во Уставот, а со тоа практично целосно да се запре европскиот пат на земјава. И не затоа што е загрозен македонскиот идентитет, туку заради тоа што е загрозена нивната криминална власт“, порача Филипче.

Претседателот Филипче додаде дека Мицкоски и ВМРО не сакаат ЕУ поради страв од одговорноста за криминалот.

„Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат во Европа затоа што таа носи европско судство, носи европско обвинителство, носи европска контрола, носи крај на телефонските повици на обвинителите и сето тоа носи одговорност“, рече Филипче.

Во своето обраќање, Филипче направи и силен контраст меѓу она што власта им го нуди на граѓаните и она што го обезбедила за себе.

„Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба да чекаат со децении според нив и замислете да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а Владата, претставниците на власта со владиниот авион да одат на море“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ е државотворна партија со конзистентни…

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача…

СДСМ: На денот кога Кошта го потврди…

„На денот кога претседателот на Европскиот совет,…

СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени…

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно…

СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…

Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…

СДСМ: Мицкоски отвора базен, а Македонија се…

Соопштение за јавност Добродојдовте во криминална држава…