(Фото) Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

t

Македонија во 1905 година. Сѐ уште само како област во рамките на Отоманското царство, две години по задушувањето на Илинденското востание. Каков бил етничкиот состав на сите три дела – Вардар, Егеј и Пирин?

Маперот Никола од Скопје, кој се крие зад Instagram и Facebook страницата Macedonian maps, вели дека за да ги пресмета бројките и да ја создааде оваа мапа ги искористил буквално сите достапни податоци од тој период.

Етничкиот состав вели дека во сите три дела мнозинство биле Македонците, а секаде на второ место биле Турците, што е за очекување со оглед на тоа што ова е периодот пред масовното иселување на Турците во Турција.

Во Вардарска Македонија, или она што денес е независна Македонија, имало 699.718 Македонци, 198.432 Турци, 125.587 Албанци и 30.468 Власи.

Во Егејска Македонија населението било следно: 490.628 Македонци, 341.499 Турци, 294.443 Грци, 60.780 Евреи, 54.652 Власи, 22.985 Роми и 10.470 Албанци.

Во Пиринска Македонија со 173.620 огромно мнозинство биле Македонците, а имало и 30.420 Турци, 4.678 Власи и 4.645 Грци.

Нормално, во сите три имало и други помалубројни етникуми кои не се наведени.

Ако направиме математика, вкупниот број во трите дела ја создава следнава етничка слика:

Македонци 1.363.966
Турци 570.351
Грци 299.088
Албанци 136.057
Власи 89.798
Евреи 60.780*
Роми 22.985*
*Недостасуваат бројките од Вардар и Пирин.

Да нема забуна, на мапата се претставени само трите дела без оние што подоцна влегле во состав на Албанија и Србија (и Гора денес во Косово), како и без полуостровот Атос (Света Гора).

Етничкиот состав денес е драстично сменет, особено во Егејот. Нормално, следувале Балканските војни, па Првата и Втората светска војна, егзодусот на Македонците од Егејот и конечно укинувањето на сите основни права на Македонците во Пирин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Иван Џолев нов претседател на Здружението…

Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје,…

Сопругата на Апасиев за Каевски, Димевски и…

Циркус за народ, по шаблон, крупните риби…

Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати…

„Ова зад мене е Спомен-костурницата, симбол на…

Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…

Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…

Палевски ќе оди директно во притвор веднаш…

Јавното обвинителство на Република Македонија тукушто е…