ЦУК: Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар надвор од својата територија – Косово побара помош
„По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар. По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на нашите капацитети и обезбедување помош за справување со големиот пожар што ја зафати нашата соседна држава“, соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Тој вели дека хеликоптер на Министерството за внатрешни работи во моментов интервенира од воздух во реонот на Хани и Елезит, давајќи поддршка на екипите кои се борат со огнената стихија.
„Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно“, додава Али.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар…
„По барање на Република Косово, Република Северна…
Нов инцидент во Германија: две лица се…
38-годишен маж и 28-годишна жена беа уапсени…
Путин: Постои шанса за мировен договор
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Започнува реконструкцијата на Граничниот премин Делчево
Започнува реализацијата на проектот за реконструкција и…
Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и…
Изминатава година интензивно работевеме на воведување на…