Ахмети: Уставот ќе се менува, прашање е на време
– Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот, ќе се направи и овој договор, вака лидерот на ДУИ Али Ахмети ги коментира евентуалните уставни измени со кои би се тргнале 20-те проценти во дефиницијата за Албанците во Уставот. . Ахмети не кажа дали сега е време тоа да се случи, но рече дека има добра волја од сите страни.
„Овие 20 проценти мора добро да се објаснат, 20-те проценти се инсталирани во Уставот на Македонија во одредено време за да се постигне компромис, бидејќи 20 отсто во Уставот на Македонија не ја нарушува суштината на унапредување на албанското прашање во Македонија. Направивме компромис и бевме сигурни дека со текот на времето ова прашање ќе дојде во најдобриот момент и ќе се смени и има добра волја од сите партии од првиот момент кога Уставот ќе се отвори за промени и унапредувања, ќе се реши“, рече меѓу другото Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…
Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…
Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…