Брисел: Косово е Европски пpoблем, може да ја загpoзи целата енергетска мрежа – тpaгедијата да го имаш најголемото наоѓалиште на јаглен во Европа, а да немаш струја

t

Високата побарувачка за електрична енергија во Косово и Метохија може да го загрози снабдувањето со електрична енергија низ Европа, предупреди Европската мрежа на преносни системи со седиште во Брисел.

Преносните системски оператори во Регионалната групација за континентална Европа го повикаа Преносниот систем оператор во Косово(КОСТТ) да го одржува балансот во нивниот електроенергетски систем, што е нивна договорна обврска, пренесува Ројтерс.

Увозот на струја во Косово ги загрозува и другите европски земји

Земјите низ Европа, велат тие, се соочуваат со зголемување на цените на гасот и електричната енергија делумно поради зголемената побарувачка во услови на економско закрепнување на земјите од пандемијата. Ова е особено изразено на Косово и Метохија, каде што има намалување на производството на електрична енергија поради технички дефекти среде зимската сезона. Сето тоа, како што велат, принудува да се увезува повеќе струја отколку што е вообичаено на територијата на Косово и Метохија.

Тие го наведуваат примерот на претприемачот Џејал Гаши, кој размислува да ја затвори својата пекара во Приштина бидејќи не ги покрива трошоците за гориво за агрегатот.

„Сметката за струја обично плаќам околу 300 евра, но сега трошам 100-110 евра дневно за да купам гориво за агрегаторот“, вели Гаши, во чија пекара има 10 работници.

Многу претпријатија и домаќинства во Косово набавија преносни генератори на електрична енергија откако започнаа рестрикциите за електрична енергија.

Ројтерс наведува и дека премиерот, Албин Курти, зборувал за драстичното поскапување на струјата, а наведуваат и дека граѓаните на Косово плаќаат најевтина струја во Европа бидејќи тарифите за домаќинствата во голема мера се субвенционирани.

Најголем дел од енергијата во Космет се произведува во две Електрани на јаглен, надвор од Приштина, вообичаено увезуваат 10 до 15 отсто од енергијата, но за време на кризата, увозот скокна на 40 отсто.

„Како резултат на тоа, во Косово и Метохија се увезува енергија што не беше планирана на пазарите, така што оваа зголемена побарувачка може да го загрози снабдувањето со електрична енергија низ Европа“, објави Ројтерс.

Во текстот се потсетува и дека електраните во Косово работат на лигнит, мек јаглен кој произведува особено токсично загадување при согорувањето, а официјалните податоци покажуваат дека Косово има петти по големина резерви на лигнит во светот, меѓу 12 и 14 милијарди тони, пренесува Косово онлајн.

Помош од Албанија

Албанската влада ќе обезбеди 7.680 мегавати електрична енергија за Косово и Метохија за 31 декември и 1 јануари, во обид да помогне во надминување на енергетската криза.
„По договорот што го имавме со лидерите на Косовската енергетска корпорација, успеавме да обезбедиме 3.600 мегавати за 31 декември, а 4.080 мегават часови за 1 јануари“, изјави албанската министерка за инфраструктура и енергетика Бељинда Балуку.

Енергијата ќе се обезбедува без финансиски надомест, а ќе биде вратена во текот на летото, јавуваат косовските онлајн медиуми во Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски државјани уапсени во Македонија, криумчареле кафе,…

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален…

Дачиќ: Има основано сомневање дека убиството на…

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави…

Стано: ЕУ нема донесено одлука за укинување…

Европската унија се уште нема донесено одлука…

Запалено српското знаме во Косовска Митровица

Непознати лица го запалиле српското знаме во…

Курти бара меѓународната заедница да ја притисне…

Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија…