(Видео) Донев за Алфа: Бугарите се само статистичка грешка во Македонија, не треба да влезат во Уставот

t

Бугарите се рамни на статистичка грешка во Македонија, нелогични се барањата да бидат внесени во Уставот, смета поранешниот амбасадор на Македонија во Велика Британија, Јован Донев. Тој за Алфа вели дека конечно треба да се затвори ова прашање, бидејќи нивниот број во Македонија, според пописот е речиси неважен.

-Според бројот на бугарски државјани во Македонија се на ниво на, со целиот респект на секој што се чувствува Бугарин, меѓутоа тоа е статистичка грешка. На два милиони и нешто или милион и 800, како сакате да кажете, да имате 3.000 Бугари, од кои што 1.200 зборуваат на бугарски јазик или бугарскиот јазик им е мајчин јазик. Мислам дека тоа прашање веќе не треба да се отвора воопшто, вели Донев за Алфа.


Сепак токму пописот донесе нови проблеми во односите меѓу Македонија и Бугарија. Од бугарското МНР изразуваат сомнеж дека оние 132.000 граѓани кои го бојкотирале пописот се Бугари, кои имале страв да се пишат како Бугари.

-Со големо изненадување ги прифаќаме објавените податоци за бројот на граѓани кои се декларирале како Бугари на пописот во земјата. Забележуваме дека има драстична неусогласеност помеѓу овие и податоците за бројот од над 100.000 граѓани на Македонија кои лично поднеле документи кои докажуваат бугарско потекло и самосвест со цел добивање на бугарско државјанство, велат од бугарското МНР.

Резултатите од пописот биле тема на разговор и на бугарскиот претседател Румен Радев и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Првиот човек на Бугарија изјавил дека треба да се преземат јасни дејствија на проблемите на македонските Бугари, потенцирајќи дека резултатите од пописот се доказ дека била добра политиката на вето кон Македонија.

-Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, вели Радев.

За разлика од бугарската страна која секогаш отворено зборува за своите гледишта во спорот со Македонија, од наша страна речиси секогаш само молк. Одговор засега нема ниту на прашањето дали и покрај малиот број на попишани Бугари, тие треба да влезат во македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски професор тврди: Војната во Украина е…

Руски професор по политички науки тврди дека…

Следната недела разговор меѓу Вучиќ и Путин,…

Претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин…

ПОЛНИ ВРЕЌИ СО ГРАНАТИ СРЕДЕ ШИПКОВИЦА: Експлозивните…

Вчера околу 11.00 часот во Полициското одделение…

Вучиќ: Мојата работа е да се грижам…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека…

Орбан предупредува: Европа ќе има тешка зима,…

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска во…