(Видео) СДСМ основа Медицински факултет во Битола

t

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави денеска на прес-конференција пратеникчата Жаклина Лазаревска.


– Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе  ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан” Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.


Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини.

Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.

Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.


Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството. Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ, вели Лазаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шутаров во „Тешки муабети“: Следува целосна…

-  Следува целосна реорганизација и обнова на…

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Домашен притвор за родителот кој тепаше ученик…

Во домашен притвор е родителот од Битола,…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…