(Видео) Турски авион се урна за време на тенинг-лет
Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект, објави „Туркије“.
Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот.
„Еден од авионите Ф-16 на нашите воздухопловни сили се урна во Јалова за време на тренинг-лет. Пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското Министерство за одбрана.
Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.
Авионот учествувал во тренинг-лет од Командата на воздухопловната база во Јалова.
Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.
Тој бил пренесен во Истражувачката и тренинг-болница во Јалова на лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…
Турција и Грција ја освојуваат Месечината
Турција планира да го испрати својот прв…
Дронови, хеликоптери и 31.000 надзорници ги обезбедуваат…
Новата учебна година во Турција почна денеска…
Турски суд праќа 16 лица во притвор…
Турски суд нареди притвор на 16 лица…
Фидан: Ердоган планира да ја посети Сирија
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, за…