(Видео) Фановите на Ѓоковиќ гнeвни, ја гaѓaa aвстралиската амбасада во Белград со тениски топчиња

Навивачите на Новак Ѓоковиќ се многу гневни поради одлуката најдобриот тенисер во светот да не добие дозвола за влез во Австралија. Ѓоковиќ е во карантин и дури во понеделник ќе се знае дали на крајот ќе добие дозвола за влез во земјата и настап на првиот Гренд слем турнир во сезоната или ќе биде депортиран.
Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ, денеска имаше прес конференција на која емотивно го изрази негодувањето поради тоа што неговиот син не доби дозвола да влез. Стотици навивачи беа присутни како поддршка за Ѓоковиќ, а вечерва се случи и еден помал инцидент.
Еден навивач „наоружан“ со рекет и тениски топчиња, негодуваше пред австралиската амбасада во Белград и тоа на необичен начин. Тој со тениски топчиња гаѓаше во правец на амбасадата.
Večeras ispred australijske ambasade u Beogradu 🤣 pic.twitter.com/GyWlnv7tm6
— Kalabaster (@KalabasterJak) January 6, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во белградска населба: Експлодираше бомба доцна…
Непознато лице активирало бомба во двор од…
Продолжуваат драматичните изјави на Вучиќ: Рекорден број…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „рекорден…
Титаник ситуација во Белград: Водата беше до…
Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ околу полноќ почнал…
(Видео) За влакно избегната трагедија на новогодишната…
За време на новогодишната ноќ за малку…
„Мир за Украина-Слобода за Русија“: Протест против…
Во центарот на Белград денес во 15 часот започна…