Вонредни инспекциски надзори во Злокуќани – утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти

t

Општина Карпош, преку Секторот Инспекторат, во соработка со Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во Злокуќани.

Од Општината информираат дека при контролите, биле утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се започнати соодветни инспекциски постапки.

Паралелно, бил отстранет кабаст отпад од јавните површини на улицата „Скупи“ и во внатрешноста на населбата, а повеќе лица биле опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.

„Инспекциските служби разговараа и со жителите за актуелните комунални проблеми. Општина Карпош продолжува со редовни инспекциски контроли и засилени заеднички акции со полицијата, со цел поголем ред, чистота и почитување на законските прописи“, порачаа од Општина Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…

Јасин Мустафа, дете од година и пол,…

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…

Вкупно 15 пожари на отворен простор се…

Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…

Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…

Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…