Во престрелка меѓу граничарите на Киргистан и Таџикистан има повредени на двете страни!
Во престрелка меѓу граничарите на Киргистан и Таџикистан има повредени на двете страни, соопштија киргистанските власти.
„Пукањето заврши во 14:15 часот на 3 јуни 2022 година, со ранети од двете страни“, соопшти киргистанскиот Национален совет за безбедност. „Игнорирајќи ги законските барања за напуштање на територијата на Киргистанската Република, таџикистанските граничари отворија оган врз киргистанскиот воен персонал“, се вели во соопштението, додавајќи дека „таџикистанската страна употребила гранати“.
Таџикистан се уште не го коментирал инцидентот. Двете земји редовно се судираат во пограничната област поради снабдувањето со вода и за територија, во што често се вклучени граничари. Спорна е речиси половина од 970 километри од границата меѓу двете земји, а напредокот во разграничувањето е бавен.
Пукања веќе се случија во март и април. Минатата година избувнаа големи судири во кои загинаа повеќе од 50 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре и задутре невреме со пороен дожд,…
Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
Нема регистриран ниту еден пациент поради конзумирање…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега…
Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во…
Интензивно се интервенира на терен во моментов…
Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…
Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…