Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Заеднички интерес е пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка
Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, стои во објавата на премиерот Мицкоски.
Нагласува дека Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.
-Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава, порача македонскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…