Драма во Атина: Сириец со нож влегов во црква и извикал „Алаху Акбар”!

t

Сириец направи сериозен инцидент во црква во предградие на Атина, кога по завршување на богослужбата извадил нож и извикал „Алаху Акбар“.

-Луѓето си заминаа и јас им реков: „Излезете затоа што храмот треба да се затвори“. Потоа тој отиде до олтарот, ги тргна книгите, клекна и го читаше Куранот, па почна да вика „Алаху Акбар“ и морав да се јавам на бројот за итни случаи, изјави очевидец за грчката телевизија СКАИ.

Како што рекол младиот човек, Сириецот имал нож во ранецот што го имал со себе.

„Првпат го гледам. Во Грција бил два месеци. Не беше агресивен, беше нервозен“ додал младиот човек, додека на прашањето што им зборувал Сириецот на полицајците кои го уапсиле, рекол дека „не зборувал, туку само рекол „Алаху Акбар”.

Сириецот е приведен од полицајците кои биле во близина на црквата Агиос Пантелејмон.

„Тој влегол во земјата илегално и неодамна побарал азил“, рече претседателот на полицискиот синдикат на Југоисточна Атика, Јоргос Калиакманис, во петокот наутро .

Според него веројатно Сириецот има некаков психички проблем, а случајот сега го води Државната безбедност на Грција.

Грчките медиуми јавија дека 24-годишниот Сириец и претходно бил приведуван за слични работи, односно влегувал во црквата и го читал Куранот, поради што против него е поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дејли Мејл: Борис Џонсон размислувал за воен…

Екс-премиерот беше кажано дека е „збеснат“ откако…

Се огласија Xyтите по нападот на американски…

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, Хутите…

Пентагон: Американски воен брод и повеќе комерцијални…

Пентагон се огласи откако претходно денеска, и…

Масовен ракетен напад од Либан врз северен…

Од 30 во 50 ракети денеска биле…

Руската војска го осуети новиот украински план…

Поморската авијација пронашла и уништила украински глисер…