ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени се да ги следат и заплашуваат родителите на жртвите за да ги спасат виновниците

Без срам власта е подготвена да ги следи и заплашува родителите на жртвите од Кочани, реагираат од политичката партија ДУИ.
– Додека Христијан Мицкоски продолжува со викотници, навреди и провокации во отсуство на каков било конкретен успех на неговата влада, граѓаните јасно гледаат дека единствениот „програм“ што му останал, пред неуспесите на владата што ја предводи, е омразата, потценувањето и осклучувањето на Албанците, клеветите и поттикнувањето на меѓуетничка поделба.
Тој вели дека ДУИ имала 23 години да го покаже својот капацитет?
Токму во тие години земјата стана членка на НАТО, се доближи до ЕУ, го изгради најфункционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост.
Земјата стана пример за регионот.
Мицкоски и неговата партија, од друга страна, отсекогаш се идентификувале со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција.
Тие секогаш биле против секој стратешки напредок на државата, од Охридскиот договор, преку НАТО, до ЕУ.
Денес, освен стратешкиот, го изгубија и моралниот компас.
Штитејќи ги своите луѓе вмешани во трагедијата во Кочани, подготвени се да ги следат и заплашуваат родителите на жртвите за да ги спасат виновниците.
Потценувањето и исклучувањето на Албанците можеби ќе му донесе неколку радикални гласови во неговата партија, но на среден и долг рок тој сее семе на поделба што ќе тежи врз идните генерации.
А тоа е историска одговорност што ниту Мицкоски, ниту кој било друг, не може да ја испере со демагогија.
Во меѓувреме, неговите албански портпароли го вратија времето на вазалството меѓу Албанците.
Но, со тоа само ја зацврстија убеденоста на секој Албанец дека честа и достоинството на нашиот народ не можат да бидат згазени од задоцнети националисти, дискредитирани клептократи, а уште помалку од вазали кои станаа срам за народот.
ДУИ останува партија на достоинството, обединувањето и прогресот.
Нема да дозволиме омразата да ја замени надежта, ниту поделбата да го замени начелото на еднаквост.
Албанците со гордост се соочувале со историјата и ќе се соочат и со овој срамен обид за исклучување, потценување и угнетување.
Наредните избори стануваат референдум против изолирана, поделена и корумпирана Северна Mакедонија, велат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…