Експлозија на гас во зграда во Италија: Има загинати и повредени
Три лица денеска загинаа, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидио во близина на италијанскиот град Анкона, објави Анса.
Двајцата повредени се префрлени во болницата Торете во Анкона.
Противпожарната служба, брзата помош и агенциите за спроведување на законот брзо пристигнаа на местото на настанот.
Во несреќата загина 47-годишниот Џузепе Пјерони, кој беше пронајден мртов на самото место, додека телото на 89-годишната Еторина Пакапело беше пронајдено по неколкучасовно пребарување.
Нејзиниот 60-годишен син, Романо Черкети, им подлегна на повредите во болница во Анкона.
Родителите на починатиот Џузепе Пјерони беа повредени во експлозијата.
Тие беа префрлени во болницата во Анкона, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија на гас во зграда во Италија:…
Три лица денеска загинаа, а две се…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
(Видео) Поморски дрон експлодира во пристаниште во…
Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот…
Маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа…
Италијанските медиуми пишуваат за страшна сообраќајна несреќа…
Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Италија!
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според…