Застрашувачка анкета: Огромен број Руси поддржуваат потенцијален напад на територијата на Европската Унија
Огромното мнозинство руски граѓани поддржуваат потенцијален вооружен напад на територијата на Европската Унија, вклучително и напади врз одредени земји како Полска, Естонија, Чешка и Словачка.
Анкетата на украинската маркетинг компанија „Актив Груп“ покажала дека дури 86,6 отсто од руските испитаници толерираат или поддржуваат потенцијален вооружен напад на територијата на Европската Унија, вклучувајќи напади врз Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Бугарија, Чешка, Словачка и други.
75,5 отсто од испитаниците го поддржуваат тврдењето дека руската воена акција треба да се прошири и во Полска. Тие сметаат дека ова е логично продолжение на специјалната воена операција на Руската Федерација. Дополнително, дури 75 отсто од испитаниците го поддржуваат сценариото во кое Русија користи нуклеарно оружје, без разлика дали станува збор за одбранбен или „превентивен“ чин.
Во исто време, само 13,4 отсто од руските испитаници имаат негативно мислење за воената акција во другите европски земји, 46 отсто се апсолутно сигурни дека Русија треба да ја нападне Европската Унија, додека 40,6 отсто сметаат дека проширувањето на руските воени операции е дозволено и подносливо.
Според испитаниците, следните земји за кои Русија смета дека треба да бидат нападнати се: Полска (75,5%), балтичките земји, вклучувајќи ги Естонија, Латвија и Литванија (41%), Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија (39, 6%). Во самата анкета, испитаниците можеле да изберат една или повеќе од понудените земји.
Само 25,5 отсто од Русите силно се противат на употребата на нуклеарно оружје. Од испитаниците, 40,3 отсто сметаат дека нуклеарниот напад е многу прифатлив, а 34,3 отсто донекаде ќе ја поддржат таа одлука, доколку руските власти решат да ја направат. Јавното мислење на рускиот народ може да биде потенцијален показател за идните активности на Кремљ.
Практично, испитаниците или одбија да зборуваат откако ја дознаа темата или рекоа дека се целосно подготвени да ги поддржат и одобрат понатамошните руски операции во други земји – коментира Андриј Еременко, основач на „Актив Груп“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…
Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…
Превозниците ќе чекаат решение за престојот во…
Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе…