Земјотрес со јачина од 4,1 степен ја погоди Италија
Земјотрес со јачина магнитуда од 4,1 степени беше регистриран веднаш по полноќ рано во саботата од страна на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV).
Епицентарот беше во Пицоне, во покраината Изернија (Молизе), на длабочина од околу 10 километри.
Земјотресот беше почувствуван низ целата покраина, а исто така и во Кјети, Л’Аквила и Казерта. Многу луѓе излегоа на улиците од страв. Втор потрес, со магнитуда од 2,2 степени, беше регистриран во истата област во 3:41 часот наутро, на длабочина од 9 километри. Покраината Изернија веќе беше погодена од два потреси со магнитуда од 2,5 степени минатиот јануари.
Досега не се пријавени повредени или штети.
-Во постојан контакт сум со регионалната Цивилна заштита. За среќа, од првичниот и важен преглед, не е пронајдена никаква штета врз луѓе или имот. Луѓето останаа на улиците до доцна, главно поради состојбата на вознемиреност што се разви, рече градоначалникот на Пицоне, Винченцо Ди Кристофано, во разговор за локалните медиуми
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…