Ковачевски: Тоа што Мицкоски и Апасиев можат слободно да одат во Бугарија на отварањето на клубот е придобивка од Договорот за добрососедство

t

Во нашата држава наши институции проверуваат во однос на регистрации. Не може наши институции да прават проверки во друга држава. Тоа беше одговорот. Јас сум премиерот кој вети дека Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ со чист македонски јазик, заштитен идентитет и историски прашања надвор од преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција околу регистрирањето на македонскиот културен клуб во Бугарија.

Тој информира дека денеска имал седница на Влада и не можел да присуствува на отворањето на клубот во Бугарија.

-Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господата Мицкоски и Апасиев можат слободно да одат во Бугарија и да се радуваат на отворање на културен клуб. Сметам дека тоа е една од придобивките на Договорот што го направивме со Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ. Среќен што дури и опозицијата го признава тоа. Единствено што барам е да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава, кажа Ковачевски.

На прашањето дали следната недела може да го посети клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Ковачевски информира дека следната недела ќе биде во Берлин каде ќе присуствува на конференција за берлинската иницијатива и каде ќе се потпишат договори со останатите земји од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…