Ковачевски ја прифаќа оставката на Зекири: Тоа е акт на политичка одговорност – Од Обвинителството очекувам транспарентна постапка

Ја почитувам одлуката на Мухамед Зекири да се повлече од функцијата. Тоа е акт на политичка одговорност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството.
-Очекувам целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството и судските органи и целосно почитување на пресумцијата на невиност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави Ковачевски.
Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…
БОМБА од Вучиќ: Би можел да се…
Вучиќ одговорил дека размислува да купи време…
ССМ ќе бара оставка од сите пратенци…
Јавно ќе бараме оставка од тие пратеници…
Кирил Петков ја достави оставката, ова се…
Бугарскиот премиер Кирил Петков поднесе оставка од…
Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…
Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…