Објавено на:

Кремљ: Русија и членките на БРИКС ќе разговараат за алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

t

Русија ќе разговара со земјите-членки во рамките на БРИКС за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште не сум се запознал со деталите за оваа иницијатива, но таа секако е разработена и ќе продолжиме да водиме дијалог (за создавање алтернатива на МКС во рамките на асоцијацијата) со нашите партнери во земјите на БРИКС“, рече Песков, коментирајќи го предлогот на заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Медведев претходно предложи истражување на можноста за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд на меѓурегионално ниво, на пример, во рамките на БРИКС.

Инаку Меѓународниот кривичен суд има распишано потерница за рускиот претседател Владимир Путин поради злосторствата во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија произвела само 14 борбени авиони од…

Во првите осум месеци од 2026 година,…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Радев ја брани Русија: Дали Европа не…

Бугарија соодветно реагирала на случајот со дронот…

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…

Медведев ѝ се закани на Германија со…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…