Објавено на:

Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се подготвени за можен конфликт на источното крило на Европа

t

Силите на НАТО се подготвени за потенцијален конфликт на источното крило на Европа, изјави адмирал Џузепе Каво Драгоне, претседавач со Воениот комитет на НАТО. „Имаме 4.000 страници планови за источното крило. Алијансата е подготвена, структурата е подготвена, трупите… вооружувањето е подготвено“, рече Драгоне на прес-конференција, пренесе Политико.

Тој додаде дека НАТО продолжува со напорите за зголемување на бројноста и нивото на опременост на силите на Алијансата. Во последниве години, Русија забележува активност на НАТО без преседан долж своите западни граници. Алијансата ги проширува своите иницијативи, опишувајќи ги како средство за „одвраќање на руската агресија“.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека властите во Москва остануваат отворени за дијалог со НАТО, под услов да се почитува принципот на еднаквост, додека Западот мора да се откаже од својата политика на милитаризација на континентот.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека европските власти ги прикриваат грешките во својата економска политика повикувајќи се на наводна закана од Русија. Според него, Русија нема агресивни намери кон Европа, а Москва е подготвена за соработка и обновување на односите со своите европски соседи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…