Македонија почнува преговори со ЕУ во јуни? – Трифонов во Фејсбук пост открива нови деали за преговорите

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков сака почеток на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без никакви законски гаранции за почитување на правата на Бугарите во земјата, објави на Фејсбук лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.

„Пред да се формира оваа Влада, четирите партии преговараа и потпишаа коалициски договор. Во него, во делот ‘Надворешна политика’, сите се согласивме дека Бугарија ја задржува позицијата во однос на Македонија. Тоа значи дека почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија ќе има дури кога ќе почнат да го спроведуваат Договорот меѓу двете земји потпишан во 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков постојано се обидува да го заобиколи овој договор и без никакви услови да го отфрли ветото на Бугарија“, наведува Трифонов во објавата.

Според него, Петков го прави тоа без да ги координира своите изјави и постапки не само со дипломатите од бугарското Министерство за надворешни работи, туку и без координација со коалициските партнери и Народното собрание на Бугарија.

„А Бугарија е парламентарна република и бугарскиот Парламент има јасен и недвосмислен став по оваа тема. Ставот го потврдија сите пратенички групи на последниот Консултативен совет за национална безбедност кај претседателот“, додава во објавата Трифонов, чија партија е дел од бугарската владина коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му се слошило додека пешачел – Маж…

На 11.08.2026 година во 12:50 часот во…

(Видео) Трамп игра голф опкружен со војска…

Американскиот претседател Доналд Трамп последниве недели на…

Медиуми во САД го тужат Трамп

Две американски медиумски групи го тужат претседателот…

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

(Видео) Се урна американски воен хеликоптер во…

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер…