Мерки за претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз малолетник во Ченто

t

Основниот кривичен суд ги прифатил предложените мерки за претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто.

Осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган, како и привремено одземање на патните исправи. Судот им забранил и да го посетуваат местото на настанот, како и да се приближуваат или да воспоставуваат контакт со повреденото дете и со неговите родители.

Од Обвинителството информираат дека постапката продолжува со прибирање докази. Наредено е да се обезбеди целата медицинска документација, а се очекува и медицинското вештачење, од кое ќе зависи натамошниот тек на постапката.

Нападот се случил на 22 јуни во Ченто, а кривичната пријава била поднесена неколку дена подоцна. Случајот засега се води како насилство, но обвинителот може да ја промени правната квалификација доколку доказите и вештачењата покажат основ за потешко кривично дело.

Родителите на повреденото момче јавно реагираат и бараат случајот да се третира како обид за убиство. Тие тврдат дека нападот бил многу посериозен од квалификацијата под која во моментов се води предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство: Обидите на СДСМ случајот…

Министерството за здравство соопшти дека почитува законската…

Првични информации после силниот земјотрес што ја…

Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес…

Пазешкјан разговарал со Моџтаба Хамнеи седум часа

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…