Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Прочитајте неколку факти за македонскиот јазик

Денес се одбележува меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
По тој повод би сакале да објавиме неколку факти за македонскиот јазик, неговата историја, потекло, карактеристики и дијалекти.
1- Македонскиот јазик потекнува од семејството на индоевропските јазици, а е дел од групата словенски јазици, поточно квалификуван како јужнословенски јазик.
2 – Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија , а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија, каде што живее бројно Македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште.
Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Турција, Грција, во некои земји−членки на ЕУ и останатата македонска дијаспора.
Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и северна Грцја но нема податоци за бројот на луѓето.
3- Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик во САД.
4 – Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
- со решението на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава
- со официјалното усвојување на македонската азбука на 5 мај 1945 година
- со официјалното усвојување на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година
5 – Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи, источна и западна група.
6 – Карактеристика на македонскиот јазик е акцентот кој е третосложен со определени исклучоци.
7- Прво дело објавено на македонски јазик е „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим и се претпоставува дека е дело на Јоаким Крчоски. Тоа е првата книшка на народен македонски јазик, составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух.
8 – За прв македонски роман се смета делото на Славко Јаневски “Село зад седумте јасени ” објавен во 1952 година.
9- Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” има објавено дело “Вистина и факти за македонскиот јазик” како реакција на бугарските провокации и негирањето на постоењето на македонскиот јазик.
Реакцијата може да ја прочитате на следниот линк http://imj.ukim.edu.mk/CMS/Upload/%D0%A0%D0%B5%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%91%D0%90%D0%9D%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BC%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-12.5.20.pdf
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…
Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…
Од денеска до недела ќе се одбележуваат…