Министерството за одбрана на Хрватска се откажа од набавка на душеци кога дозна дека се од Србија
Министерството за одбрана на Хрватска (МОРХ) се откажа од набавката на душеци за касарните кога беше откриено дека фирмата со која склучиле договор ги увезува душеците од Србија.
Како што изјавија од МОРХ за „Dnevnik.hr“, целиот процес на јавна набавка мораше да се прекине, дури и иако суштински веќе беше завршен.
„За Министерството за одбрана е неприфатливо душеците за војничките кревети да се произведуваат во Република Србија и, во согласност со законските можности, ќе ја поништи таа постапка за набавка и нема да склучи договор. Во иднина за ваквите постапки за набавка ќе ги ревидира условите поврзани со местото на производство и набавка“, порачаа тие.
Фирмата која го добила договорот за набавка на 1.700 душеци за касарните е „Комфорта“ од Славонски Брод. Сепак, оваа фирма се занимава со увоз и препродажба на душеци од Србија, што доведе до поништување на процесот за јавна набавка.
За ситуацијата да добие и дополнителна доза на бизарност, од истата фирма душеци ќе набавува Министерството за внатрешни работи.
Тие со фирмата „Комфорта“ склучиле повеќе договори во вредност од 126 илјади евра, а половина од тие договори веќе се реализирани. МВР од „Комфорта“ набавува опрема за, меѓу другото, спалните соби на Полициската академија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…
Студентите официјално ќе одат на избори —…
Републичката изборна комисија (РИК) вчера ја потврди…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…