Мицкоски: Има лица на боледување кои со месеци престојуваат во странство, тоа нема да се толерира

t

Дел од граѓаните кои користат боледување ја напуштаат државата, а некои од нив престојуваат во странство и по неколку месеци. За ваквите случаи зборуваше премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека се евидентирани во системот и дека се размислува за поконкретни мерки за спречување на злоупотребите.

Мицкоски нагласи дека не е прифатливо правото на боледување да се користи за остварување лична корист преку заобиколување на правилата.

„Има корисници на боледување коишто се евидентирани во системот дека се движат надвор од територијата на државата. Има корисници на боледување коишто често пати заминуваат на неколкумесечни активности надвор од државата и тоа не е во ред“, изјави премиерот.

Тој порача дека обидите преку различни трикови да се искористи системот и да се заобиколи правдата нема да успеат.

„Ако мислат некои дека со трикови ќе направат некаква корист или ќе мислат дека на тој начин ќе ја заобиколат правдата, тоа нема да се случи“, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека токму ваквите случаи биле причина да се размислува за поконкретен пристап кон лицата кои евентуално го злоупотребуваат правото на боледување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…