Мицкоски: Правиме сè за да не се зголеми цената на електричната енергија и парното

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата со сите можни алатки ќе го штити стандардот на граѓаните и ќе направи сè за да не се зголеми цената на електричната енергија и на парното и оти нема информации за најавите од Регулаторната комисија за енергетика.

– Не. Тоа е на Регулаторната комисија. Знаеме дека ние како Влада одлучуваме за цената што АД ЕСМ ќе ја поднесе на аукцијата и тендерот што ги има објавено „ЕВН хоум“. Ние како Влада ќе дадеме сè од себе да не се зголемува таа цена и со сите можни алатки ќе го штитиме стандардот на граѓаните иако цената на берзите е четири-петпати поголема од онаа што АД ЕСМ ќе ја даде, но тука имаме изготвено еден иновативен бизнис-модел за кој разговараме со раководството на АД ЕСМ – рече Мицкоски по одбележувањето на 80-годишнината од Домот за деца без родители „11 Октомври“

Премиерот најави дека в сабота ќе одржи колегиум со раководството на РЕК „Битола“.

– Оваа недела, в сабота, јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК „Битола“ заедно со луѓето од РЕК „Битола“ како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија. Работиме и остануваме држава со најниска цена на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенти што се наш природен ресурс – изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…