Мицкоски утре ќе бара од маркетите да не ги зголемуваат цените
„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа можеби во моментот е добро, но, од друг аспект, во делот на пограничните општини и посебно бензиските пумпи во пограничните општини, се создава притисок од соседството бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел и затоа се случува на некои бензински да снема гориво. Сепак тоа брзо се надоместува“, вели премиерот Христијан Мицкоски за ситуацијата со нафтените деривати во земјава и порастот на цената што се случи од ноќеска по одлуката на РКЕ.
Премиерот во денешната изјава при увид во изградба на пречистителна станица во Кучевишка Бара, информира дека утре ќе има средба со сопствениците на ланците супермаркети во земјава. Вели дека ќе побара од нив „да не се користи притисокот за веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните“. Посакува да не дојде до тоа да Владата да преземе друг тип на офанзивни мерки.
-Очекувам тие да имаат фер однос кон граѓаните, за и ние како Влада да бидеме фер кон нив односно заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните, кажа Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од полноќ големо поскапување на дизелот
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…
Ова се цените на горивата во Европа,…
Европските влади дискутираат за воведување на данок…
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…