МНР: Неточна информација е дека има оштетување и отстранување на табла на Амбасадата на Македонија во Софија
Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се пренесува објава од социјалните мрежи за наводно оштетување и отстранување на официјалната табла на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточна информација-се вели во соопштението од МНР и НТ, кое го објавуваме интегрално.
Имено, од страна на вработените во Амбасадата е отстранета таблата поставена надвор од објектот на Амбасадата, која не била изработена согласно со воспоставените стандарди на Министерството. Официјалните табли на Амбасадата, на кои името на државата е правилно испишано, се на своето место и се целосно во функција.
Министерството апелира при известувањето за прашања поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се почитуваат фактите и информациите да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување. Пласирањето и пренесувањето непроверени и неточни информации не придонесува за објективно информирање на јавноста и непотребно создава погрешна претстава во јавноста.
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија се подготвува за нуклеарната ера: Се…
Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ…
Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, имаме сила…
Верувајте во нашата татковина. Не затоа што…
Зеленски планира да разговара со Трамп до…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се…
ЗНМ со осуда за дрското однесување на…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…
На избори се добива мандат, не тапија…
„На избори се добива мандат – не…