Монструм ја убил штотуку родената ќерка: Сакал првороденото дете да биде машко

Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека го убил своето седумдневно девојче, затоа што сакал неговото првородено дете да биде машко, соопштија властите во градот Мјанвали.
Бебето по име Џенет, што на официјалниот урду јазик во Пакистан, значи „рај“, било застрелано со огнено оружје во понеделникот неколкупати, соопшти полицијата.
Осомничениот е уапсен во близина, се вели во извештајот на полицијата.
Организациите за човековите права предупредуваат дека девојчињата и жените во Пакистан редовно се соочуваат со насилство од најразлични причини. Оваа земја е на трето место над последнoто, во однос на родовата еднаквост, се наведува во извештај на Светскиот економски форум за 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војник ги уби поранешната сопруга и…
Поранешен војник застрела и уби активен припадник…
ОДВРАТНО: Татко-монструм ја силувал сопствената ќерка, таа…
Вишото јавно обвинителство во Ниш официјално соопшти…
Голема група од 150 луѓе се собира…
Двајцата убиени во нападот во бар во…
Ексклузивно: Двојно убиство во познат скопски локал,…
Неофицијално две лица починаа во пукање во…
Ковачевски се пазари со завршени судски случаи…
Ковачевски се пазари со завршени судски случаи…