Хрватските војници веќе се вратија дома, откажано испраќањето на нови војници во Литванија
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека во случај на конфликт во Украина, ќе ги повлече хрватските војници од мисијата на НАТО, но според пишувањата на српските и хрватските медиуми тие се веќе вратени дома.
Милановиќ зборуваше за можноста за повлекување на 80 хрватски војници од мисијата на НАТО со засилено присуство на фронтот во Полска.
Но, тие 80 војници се вратија во Хрватска во понеделникот, ден пред Милановиќ да ја објави можноста за нивно повлекување.
Во Полска останаа само неколкумина хрватски офицери, а Милановиќ најави дека ќе ги повлече и тие што останаа.
На страниците на Министерството за одбрана беа објавени информации за нивното враќање, но и фотографии од нивната постава во касарната Билогора во Бјеловар.
Според неофицијални информации, планот е новиот хрватски контингент да замине во Полска дури следната година, а дали тоа ќе се случи останува да видиме.
Годинава Хрватска нема да има свои војници во Источна Европа.
Имено, иако беше најавено, Хрватска годинава нема да испрати 100 војници во мисијата на НАТО за засилено присуство на фронтот во Литванија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од пеколна жештина до пороен дожд и…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…
Гилотина е пронајдена во камион во близина…
Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…
Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…
Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…
Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…
Француски суд за првпат го призна космичко…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…