Објавено на:

„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат британските фабрики за дронови, предупреди Кремљ

t

Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека би можел да следува „полувоен“ одговор од „непознати извори“ против британски фабрики за производство на дронови поради помошта за Украина, објави „Би-би-си“.

Неговите изјави доаѓаат откако британските власти одлучија да му ги предадат на Киев доверливите податоци за производството на ракетите „СКАЛП“.

Нацртите ќе ѝ овозможат на Украина самостојно да го произведува оружјето со долг дострел.

Федоров, кој е поранешен заменик-министер за надворешни работи на Русија, изјави дека врз Путин се врши „сериозен“ притисок „да преземе одредени мерки против Велика Британија“.

Запрашан како би изгледал „полувоениот“ одговор, Федоров рече дека „би можело нешто да се случи со претпријатија, со фабрики кои произведуваат дронови за Украина“.

„Тие би можеле да бидат нападнати не од Русија, туку од непознати извори“, рече тој.

Изјавите се во согласност со оние на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој вчера ја критикуваше британската одлука за споделување на нацртите за ракетите. Песков рече дека со тоа се оневозможува „и најмал напредок“ кон постигнување мир.

Тој додаде дека руската армија веќе собира податоци за локациите на производство на ракети со цел да ги уништи.

„Британија е вклучена во оваа војна на страната на киевскиот режим. Британија систематски и редовно долева масло на огнот“, додаде Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат…

Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека…

Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…

Само еден товарен брод вчера минал низ…

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…

По вчерашното одржување на првото судско рочиште…

Возел брзо во левата лента, па се…

Државјанин на Македонија е уапсен во Србија…

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Црна Гора очекува до крајот на годината…