Нов вандалски чин во Влае: Пешачкиот премин „Влајко“ затворен поради опасност од повреди
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае е привремено затворен откако денеска бил оштетен во нов вандалски чин, соопшти Општина Карпош.
Од Општината предупредуваат дека поради настанатата материјална штета постои опасност од повреди, поради што преминот нема да биде достапен за граѓаните додека не бидат извршени потребните поправки.
„Во текот на денешниот ден, сведоци сме на уште еден вандалски чин на надземниот пешачки премин ‘Влајко’. Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење“, соопшти Општина Карпош.
Од Општината додаваат дека преминот повторно ќе биде ставен во функција по санирањето на штетите, а јавноста дополнително ќе биде информирана за неговото отворање.
Рок за поправката и висината на материјалната штета засега не се соопштени.
Преминот „Влајко“ е изграден за побезбедно преминување на булеварот „Партизански одреди“, особено за учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Објектот и претходно бил мета на вандализам, а повеќепати бил оштетуван и лифтот.
Додека преминот е затворен, пешаците можат да го користат семафоризираниот пешачки премин во непосредна близина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов вандалски чин во Влае: Пешачкиот премин…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…
Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…
Трагедија во Истанбул: Се урнаа три ката…
Најмалку две лица загинаа откако утрово делумно…
Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри…
Неколку часа по рускиот напад врз Краматорск,…
Околу 1.000 нови случаи на рак на…
Околу 1.000 нови случаи на рак на…