Објавено на:

Полскиот премиер одби техничка влада – ќе бара доверба за својата

t

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека изборот на опозицискиот кандидат Карол Навроцки за претседател не менува ништо во работата на владата. Во обраќање до нацијата, Туск нагласи дека постои подготвен кризен план во случај претседателот да се обиде да ја блокира владата со вето.

„Сакам сите да видат, и нашите противници во земјата и во странство, дека сме подготвени за оваа ситуација, дека ја разбираме сериозноста на моментот, но не планираме да се повлечеме ни за чекор“, изјави Туск.

Претседателот на проевропската влада на центарот и левицата нагласи дека претседателските избори од 1 јуни тука ништо не промениле и нема да променат.

„Кризниот план кој предвидува мачна кохабитација е подготвен. Тешко е однапред да се каже каков ќе биде новиот претседател. Ако покаже волја за соработка, тоа ќе биде позитивно изненадување на кое ќе одговориме отворено. Ако не, нема што да чекаме, ќе почнеме со работа без оглед на околностите бидејќи за тоа сме избрани“, рече Туск.

Тој најави дека прв чекор ќе биде што побрзо да побара од парламентот да гласа за доверба на владата, за што владејачката коалиција има доволно мнозинство, а потоа едноставно, без оглед на ризикот од вето на шефот на државата, ќе предлага и усвојува нови закони.

– Ако биде потребно, ќе владееме и ќе донесуваме одлуки и покрај претседателот кој ги блокира добрите промени. Веќе имаме искуство. Имаме премногу да направиме, почнувајќи од меѓународните прашања, изградба на силна армија и силна економија. Ќе соработуваме со новиот претседател каде што е тоа неопходно и можно, рече Туск.

Од друга страна, лидерот на опозициската партија Право и Правда, Јарослав Качињски, оцени дека изборите се црвен картон за владата и побара формирање техничка влада со неутрални експерти.

„Демократијата ги покажа забите. Владата која денеска управува не ги исполни ветувањата. Нејзините планови се удар врз нашата слобода и нашиот суверенитет. Затоа владата доби црвен картон. Таква влада треба да замине“, рече Качињски.

На претседателските избори во неделата, Полска се подели на два спротивставени еднакви табора и со тесно мнозинство од само 370.000 гласови од вкупно 28,9 милиони гласачи беше избран следбеникот на американскиот претседател Трамп, во младоста фудбалски хулиган и боксер, сега историчар и директор на Институтот за паметење на народот, Карол Навроцки, пренесе Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација

Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…

Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…

Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…

Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…

Полскиот премиер одби техничка влада – ќе…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…

Полска му забрани на Додик влез во…

Владата на Полска му забрани на претседателот…