Полска му забрани на Додик влез во земјата
Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba. Во образложението на одлуката беа споменати антидејтонските и сецесионистичките активности на Додик.
Полската влада со оваа мерка не ги вклучи другите функционери од Република Српска, наведува Politički.ba.
На почетокот на април, Германија и Австрија му забранија на Додик влез во тие земји, а покрај него, истата мерка им беше изречена и на претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, и на премиерот на ентитетот, Радован Вишковиќ.
Додик долго време е под санкции на Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД).
По Додик, Стевандиќ и Вишковиќ е издадена централна потерница во Босна и Херцеговина, бидејќи не се јавиле на поканата на Државното обвинителство, кое ги обвинува за „напад на уставниот поредок“.
Тие се сметаат за најодговорни за донесувањето на законот во РС, со кој се забранува дел од судските институции и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) да работат на територијата на РС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…
Најмалку две лица загинаа, а десет други…