Објавено на:

Поранешен албански градоначалник уапсен во Италија со 20 килограми кокаин!

t

Поранешниот градоначалник на албанскиот град Вора, во близина на Тирана, Агим Кајмаку, е уапсен од италијанската полиција под обвинение за производство и продажба на дрога.

-Кајмаку е уапсен на 27 мај, откако кај него пронајдени се 20 килограми кокаин во Дан Бенедето дел Тронто, а бил заедно со неговиот внук. Запленетата дрога на пазарот достигнува вредност од милион евра, пренесува Топ чанел.

Пред да биде избран за градоначалник, од редовите на владејачките социјалисти, поседуваше фирма „Кајмаку” и се занимаваше со одгледување садници, семе и откуп на старо железо.

За градоначалник беше избран на локалните избори на 30 јуни 2019 година а во ноември истата година, во отсуство, Судот во Тирана му одреди мерка притвор, од обвинение за фалсификување службени документи.

Централната изборна комисија му го одзеде мандатот по обвинувањата на опозициската Демократска партија за прикривање на неговото криминално минато во Грција, каде бил апсен, обвинет и осуден во отсуство, под идентитет Јорго Тота, за употреба на фалсификувани банкноти.

Додека се чекаше одговор од грчките власти тој побегна од земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанската даночна полиција заплени имот вреден над…

Италијанската даночна полиција заплени имот во вредност…

Рама за Косово: Во вакви ситуации војната…

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на тензиите на северот…

Разговор Бегај-Османи: Албанија ја поздравува одлуката на…

Албанскиот претседател Бајрам Бегај остварил телефонски разговор со неговата…

Скопје ќе заврши како главен град на…

Македонија направи историски пресврт кон Албанија наместо…

Спречен шверц на ветеринарни лекови од Албанија…

На граничниот премин „Блато” на македонско –…