Објавено на:

Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“

t

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари и фронтмен на култниот бенд „Мајке“, почина во 62. година од животот. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на бендот.

Марио Рашиќ и Ален Тибљаш изјавиле дека денеска околу 13 часот го пронашле Баре без знаци на живот во неговиот стан. Причината за смртта засега не е официјално соопштена.

Баре беше една од највпечатливите фигури на хрватската рок-сцена. Како пејач и автор на „Мајке“ остави силен белег со песни како „Teške boje“, „Mene ne zanima“, „Vrijeme je da se krene“ и „Budi ponosan“.

Неговата повеќедецениска кариера ја одбележаа препознатливиот глас, силните настапи во живо и бескомпромисниот авторски израз, но и тешките лични периоди за кои отворено зборуваше во јавноста.

Кон крајот на септември на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат уште на почетокот. Од бендот тогаш соопштија дека тој е добро, а потоа беше најавена пауза од настапите.

Со смртта на Баре, хрватската рок-сцена остана без еден од своите најпрепознатливи и највлијателни автори и изведувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари…

Краделе ореви и бадеми во Кавадаречко: Двајца…

Вчера во 13:30 часот во Кавадарци, полициски…

Албанија забрзува кон ЕУ: Уште едно поглавје…

Албанија на 13 октомври во Луксембург ќе…

Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е избран за…

Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај…

Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ…