Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

t

Маж и неговата сопруга предизвикале пожар во скопското село Горно Соње, откако по правење зимница истуриле пепел од ќумбе во близина на викенд-куќа, а во него најверојатно останал жар.

Според МВР, пожарот бил пријавен вчера околу 19:50 часот, при што биле опожарени викенд-куќа и трева.

„Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд-куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот“, соопшти МВР.

Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…

Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…

Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…

Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…

Насилството меѓу децата и младите, со посебен…

Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…

Тендерот за изградба на третата фаза од…