Објавено на:

Русинот Медведев го исфрли првиот рекет од Вимблдон

t

Најдобриот светски тенисер во моментов, Јан Синер, неочекувано го заврши настапот на Вимблдон уште во четврт-финалето, откако попладнево по четири часовен маратон загуби од Данил Медведев (7-6, 4-6, 6-7, 6-2, 3-6) во меч во кој имаше големи здравствени проблеми.

Италијанецот во третиот сет речиси колабираше на теренот, поради што веднаш реагираа лекарите, кои откако му ја измерија сатурацијата го испратија во соблекувалната каде што му укажаа 15-минутна помош. Тој го продолжи мечот, експресно го доби четвртиот сет, но снема сили во решавачките моменти, што Русинот максимално го искористи за пласман во полуфиналето.

Медведев, со ова делумно му се одмазди на Синер за петте порази во низа во меѓусебните пресметки, во битка за пласман во финалето ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу Карлос Алкараз и Американецот Томи Пол.

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и…

Заплена на кокаин вреден милион евра во…

Во акцијата на полицијата и обвинителството запленети…

Радев од Вјоса Османи побарал поголеми права…

Бугарскиот претседател Румен Радев од косовската претседателка…

Македонка загина во сообраќајка кај Лесковац: Со…

Во сообраќајка кај Лесковац едно лице загина,…

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…