Русинот Медведев го исфрли првиот рекет од Вимблдон
Најдобриот светски тенисер во моментов, Јан Синер, неочекувано го заврши настапот на Вимблдон уште во четврт-финалето, откако попладнево по четири часовен маратон загуби од Данил Медведев (7-6, 4-6, 6-7, 6-2, 3-6) во меч во кој имаше големи здравствени проблеми.
Италијанецот во третиот сет речиси колабираше на теренот, поради што веднаш реагираа лекарите, кои откако му ја измерија сатурацијата го испратија во соблекувалната каде што му укажаа 15-минутна помош. Тој го продолжи мечот, експресно го доби четвртиот сет, но снема сили во решавачките моменти, што Русинот максимално го искористи за пласман во полуфиналето.
Медведев, со ова делумно му се одмазди на Синер за петте порази во низа во меѓусебните пресметки, во битка за пласман во финалето ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу Карлос Алкараз и Американецот Томи Пол.
Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…