Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

t

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, најави засилена контрола на паркирањето во главниот град. Во гостување во емисијата „Претрес“, тој појасни дека полициски возила опремени со камери, поврзани директно со системот „Безбеден град“, ќе патролираат по Скопје.

Секое застанување на булеварите каде што не е дозволено „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано. „За несоодветно паркираните возила на паркиралиштата и булеварите… сите кои ќе помислат дека може да ја остават колата и да завршат некоја работа, создавајќи гужва на сообраќајницата, сега ќе бидат казнети. Колите ќе вртат по цел ден, на различни локации. Пораката до оние што планираат да бидат сообраќајни прекршители е дека тоа нема да биде исплатливо“, рече Топаловски.

СВР Скопје со оваа мерка најавува поголема дисциплина на булеварите и намалување на сообраќајниот метеж во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски „Боинг 747“ слета во Скопје со…

Ретка и импресивна глетка ги пречека посетителите…

Тошковски: За 24 часа детектирани 110.000 прекршоци…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече…

Од денес стартува „Сејф сити“, прво опомени,…

Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во…

Голем број улици и населби во Гази…

Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека,…

Дел од Скопје утре ќе биде без…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира…